По вчерашната контрола на територија на град Скопје биле изречени вкупно 248 казни, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 60 мерки, осум санкции за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени биле и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 72 мерки за непочитување на брзината на движење.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.