Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Казни за 220 возачи за еден ден во Скопје, 51 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 16 за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, седум за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 68 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

Тројца осомничени за злоупотреби и фалсификувања при регистрација на автомобили во Скопје

В+

СДСМ: Честитки до македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси

Vesti +

Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделието

Vesti +

Социјалниот договор за усогласување на останатите плати продолжува – е заклучокот од денешната седница на ЕСС

В+

Миле Јанакиески ослободен од обвинението за „ТНТ“

В+

Владата на Никола Груевски се формирала само затоа што имало притисок од екс-амбасадорка на САД

В+