На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 138 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.