Во вчерашната акциска контрола од страна на МВР на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 134 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 10 за користење мобилен телефон, 51 за непрописно паркирање.

Од МВР со најава дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.