Во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 106 возачи.

Од нив, 63 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 20 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

При контролата санкционирани се и 175 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.