Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.