На 01.03.2023 во 07.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кавадарци.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма во Кавадарци.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.