Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате, напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

– Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за се. Што се однесува до медиумите и големиот интерес што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес конференција, додаде Реџепи.

Тој апелира до раководството на Движењето Беса да не презема избрзани чекори кои би им наштетиле на партиските структури и активистите.

– Емоциите треба да се остават настрана, а постапките да се прават разумно, заклучи Реџепи.