– “Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство, брза рекострукција на владата ако е неопходна и многу, многу работа, работа за нашиот народ, давање максимум за добра иднина, е пораката која ја упати пратеникот Кастриот Реџепи.

„Пред да ги изнесам своите видувања и ставови за случувањата изминатите денови дозволете ми најпрво да им честитам на сите граѓани затоа што земјата уште еднаш го избра вистинскиот, западниот, патот по кој одиме заедно со нашите стратешки сојузници.Јас сум мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да ја избереш својата земја и да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, патот на НАТО и ЕУ, и за да нема какви било сомнежи, трачеви, шпекувалции, спинови јас Кастриот Реџепи сојузник на своите сограѓани, и на албанците и на македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД во интерес на мојата земја РСМ и во интерес на сопствениот народ самоволно и одлучно се засолнив на денот денот на гласањето на доверба на владата со цел да не дозволам на бранот на локалните избори земјата да ни отиде во правец кој е спротивен од моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока која ни ја задале граѓаните Секако не е лесно да имаш суштински разлики во ставовите со свите сопартијци но кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторлива шанса да ја започне својата нова европска приказна тогаш и срцето и умот ти велат да Кастриот некогаш мора да биде, некој мора да биде тој што ќе пресече во кориост на иднината овој пат тоа си ти, јас се надевам дека во деновите пред нас разумот ќе надвладее, верувам дека се можни мостови помеѓу нас различните од декомратскиот блок и јас ќе сум еден од тие мостови сметам дека за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на решавање на проблемите на нашиот народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ, изјави Кастриот Реџепи, пратеник во парламентот.