Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Две и пол години, Христијан Мицкоски својата политика на темелеше единствено на најавите дека само што Владата не паднала и само што не се распишале предвремени парламентарни избори.

Лажеше Мицкоски дека ќе има ново парламентарно мнозинство и 61 пратеник за распуштање на Собранието.

Во јануари оваа година, на големи верски празници Мицкоски најавуваше дека кон средината или крајот на февруари ќе обезбедел 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, а веќе во мај ќе се одржеле предвремени парламентарни избори.

Февруари изминува, а од најавите на Мицкоски нема ништо.

Не само што нема 61 пратеник за распуштање на Собранието, туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

Мицкоски слободно може да прогласи капитулација, затоа што се што тој најавува, на крајот се случува спротивното.

Така беше и со почетокот на преговорите со ЕУ, кога лажеше за асимилација и бугаризација, така беше и со енергетската криза кога лажеше дека енергетскиот сектор ќе колабира и дека ќе нема доволно електрична енергија.

Освен лаги, блокади, популизам и натпревар по деструктивност со Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски не може и не знае да понуди ништо друго.

Затоа неговите деструкции постојано ќе бидат поразувани од граѓаните.