Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде посончево и потопло. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.