Каква е состојбата на патиштата?
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира...

Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна

Vesti +

СДСМ: По црната листа од САД, Арсовски треба да побара оставка и одговорност од Мицкоски

В+

Битиќи: Според проекциите минималната плата до 2026 година ќе достигне до 22 илјади денари

В+

18 годишно момче претепано од група пред трговски центар во Скопје

В+

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираа 100 милиони евра за справување со енергетската криза

Vesti +

Кафе 120 денари, мала флаширана вода 100 денари, кока кола 120 денари – Охрид очекува туристи ова лето

Vesti +