Како што тврдат астролозите, три знаци на Зодијакот се најголемите кавгаџии.

Некои хороскопски знаци се повеќе вербално агресивни и отворено ја покажуваат својата лутина и гнев, пргави се, имаат „отровен“ јазик, реагираат веднаш и без размислување се впуштаат во жестоки расправии.

1. Овен

Овој огнен знак е познат по тоа што е импулсивен и вербално агресивен. Кога фрустрираниот Овен ќе се налути, тој ќе ви го покаже тој гнев и бес со сета своја сила. Секогаш треба да бидете внимателни со него. Тој е нетрпелив и лесно започнува расправија од која секогаш излегува како победник.

2. Скорпија

Скорпиите сами по себе не се агресивни, но кога некој ќе ги повреди или ќе ги фати во лутина, тие исто така можат да бидат насилни, почнувајќи со врескање, фрлање работи или удирање по sидови. Лесно започнуваат расправија. Покрај тоа, тие се сметаат за големи злопамтила и никогаш не ја забораваат причината за кавгата. Тие се склони дури и да се сетат на старите расправии по неколку години и продолжуваат да ги разбрануваат.

3. Бик

Биковите знаат да бидат многу агресивни и не прават компромиси. Кога некој не се согласува со нивното мислење, тие ја претвораат мирната расправија во жестока кавга. Тие се многу страсни и упорни во своите ставови. исто така, брзо се лутат ако некој ги оспори. Бикот е подготвен да се бори до бесвест, а вистинска реткост е да признае дека греши.