Претставувајќи се како независен експерт со познавања за енергетските ресурси, советничката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Сања Божиновски шири шпекулации во однос на можни рестрикции на струја. Таа во изјава за Сител телевизија кажа дека имала сознанија за рестрикции на струја и повика Владата да преземе мерки.

Ширејќи паника и несигурност кај граѓаните на национална телевизија, Божиновска беше претставена како енергетски консултант, но она што беше изоставено да се спомене е дека таа е дел од експертскиот тим на Мицкоски, кој му помага во креиањето политика. 

-Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за програмата „Обнова на Македонија“, која ќе се дообликува во периодот што следува, рече Мицкоски, споменувајќи го меѓу набројаните и името на Божиновска.

На дел од интернет порталите може да се најдат и интервјуа од Сања Божиновска, кои датираат од 2014 година, каде таа го фали процесот на либерализацијата на пазарот на струја, со кој сметките на компаниите се намалиле за 30%, Сепак, во дел од нив таа се претставува и како директор на секторот за трговија со електрична енергија во компанијата Руднап, која пак е една од четирите фирми што заработија кривични пријави за царински измами. Според Царинската управа фирмата на Божиновска, заедно со ште три други, затаиле данок од 1,8 милиони евра поради нелегален увоз на струја.

Токму Божиновска, која е близок соработник на Мицкоски и работела во фирми со сомнително портфолио, вчера во изјавата порача Владата да ги известела граѓаните што ќе се случувало со електричната енергија, особено што претстои зима, а со ваквите неосновани тврдења единствено предизвикува паника и се поставува прашањата какви се нејзините мотиви и дали постои политикантство зад превезот на „енергетски консултант“.