Долниот дел на грбот е врска помеѓу горниот и долниот дел од телото и како таков носи најголем дел од нашата телесна тежина и често чувствуваме болка во тој дел од грбот. Добрата вест е дека овој непријатен симптом во повеќето случаи поминува за една недела или две, со основна грижа за себе. Меѓутоа, ако болката е силна или трае неколку недели, треба да побарате медицинска помош.

Земање лекови

Ако сте одлучиле да бидете силни и да дозволите времето да го стори своето, сепак можете да ја ублажите болката со лекови како ибупрофен, кои, според истражувањата, најдобро ќе делуваат на овој тип на болка. Можете исто така да користите вреќа замрзнат грашок првите 48 часа додека болката малку не се смири.

Ако можете да издржите, ставете го на болното место околу 10 минути, неколку пати на ден. Кога ќе заврши овој период, заменете ги ладните облоги со топла крпа. Ладните облоги ги „затвораат“ капиларите и го забавуваат протокот на крв во тој дел од телото, што помага да се намали отокот, додека топлите облоги ги релаксираат затегнатите мускули и ја зголемуваат циркулацијата и донесуваат повеќе кислород до ткивата.

Физикална терапија

Понекогаш болката во долниот дел на грбот е директно поврзана со состојбата на стапалата, затоа контактирајте со ортопед кој ќе ги погледне и ќе го анализира начинот на одење. Несоодветниот од може да доведе до болки во грбот. Ортопедски табани ќе ви помогнат тука, но физикалната терапија исто така може да ви биде од голема помош.

Помогни си себеси

Совети како да си помогнете:

– Никогаш не носете тешка торба или чанта само со една рака. Распределете ја тежината на двете раце.

– Кога кревате поголем товар, пријдете му, клекнете и подигнете го со исправени колена, додека грбот го држите што е можно поисправен.

– Обидете се да не го свиткате грбот додека држите нешто тешко.

– Седете исправено

– Ако страдате од чести болки во грбот, а особено ако се будите со болки во вратот и грбот, инвестирајте во добар душек.

– Носете удобни чевли. Премногу ниските чевли без благо поткачување на петицата може да предизвикаат болки во грбот.