Во време на најголема глобална енергетска и економска криза СДСМ ги помага граѓаните и компаниите, ги ублажуваме последиците. Македонското Собрание ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ.Исполнети се правните услови, следува целосна реализација на сите антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Тој додаде дека со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитат стандардот на граѓаните и економијата, го ублажуваат ударот од најголемата економска и енергетска криза.

Со мерките го укинуваат ДДВ за основните производи храна, 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Дополнително ги укинуваат и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Маржите за основните производи храна ги замрзнуваме за да нема наднормален профит врз грбот на граѓаните. Со овие мерки го ублажуваме ценовниот шок врз клучните производи храна. Ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Го укинуваме ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија, изјави Каевски.

Каевски наведе дека во услови на најголема криза парите ги насочуваме онаму каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата.

Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен. Затоа е многу важно институциите но и општините да ги реорганизираат и намалат трошоците. СДСМ е на страна на граѓаните и стопанството.

Кризата е огромна и предизвиците пред сите нас, но со овие издржани мерки, со вистински социјалдемократски политики, заедно ќе ја пребродиме, додаде Каевски.