„Опозицијата нема став за кризите, немаат конкретни мерки и предлози. Имаат само паушални излагања кои не се темелат на конкретна работа и анализа“ рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Како што кажа тој, опозицијата исправена пред предизвикот кога граѓаните веќе ги осудуваат за деструктивното однесување и блокирањето на мерките, сега се паушални работи, кои не се базираат на реалноста лови политички поени.

„Лесно е да напишеме на хартија колку треба да растат пензиите или колку да се намали акцизата на горивата, но тоа не е реално и опипливо. Зошто опозицијата не учествува на сите форуми, на кои се повикани, за заеднички да ги темелиме работите?“ запраша Каевски.

Портпаролот на СДСМ кажа дека се надева оти опозицијата час поскоро ќе ја сфати сериозноста на ситуацијата и дека е потребно обединување.

„Нашата понуда до опозицијата е заеднички, врз база на предлози со анализи да ги донесеме работите и да им го олесниме животот на граѓаните“ изјави Каевски.