„Поканата од Владата е упатена јавно до сите партии. Не знам дали ова е уште едно мислење на Мицкоски, доаѓам – не доаѓам, па не знае која реченица да ја одбере, па спинува дека не добил покана. Потребно е да покажеме сериозност, нова вредност на политичката сцена и заеднички да носиме одлуки за клучните прашања“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и најави оти верува дека ќе ја прифатат поканата за да се разговара суштински и со аргументи во овие кризни моменти.

„Несериозно е да се настапува со изјави дека не добиле покана во време кога треба да се чекори напред, да се следат европските текови, да се продолжи европскиот пат и да се намалат последиците од енергетската криза“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да калкулира и да манипулира со народот за ситни политички поени, како што тоа го правеше со обвинувањата дека со гласањето на заклучоците за преговарачката рамка во Собранието се прави асимилиација на македонскиот народ.