Наместо да креваат хистерија и да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ да објасни пред граѓаните, што прават на иста слика Силјановска, Мицковски и Андреј Ковачев, европратеникот од Бугарија, кој е еден од главните негатори на македонскиот јазик и мекедонската перспектива во ЕУ.

Сите изјави кои ги паметиме на Ковачев се негативни кон нашиот јазик и идендитет, па оттука легитимни се прашањата кои СДСМ ги постави, а и граѓаните, кои очекуваат одговор, која е поврзаноста на оваа тројка и кој се нивните мотиви, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, во вестите на Алсат телевизја.

-Во услови кога се шират лаги и шпекулации од стрна на ДПМНЕ, дека наводно ќе има асимилација, наводна бугаризација, ќе се изгуби македонскиот идентитет, јазикот нема да постои, и сите лаги кои ги ширеа изминатиов перод, сега нека објаснат која е поврзаноста на ДПМНЕ со Ковачев, како и на нивната кандидатка за претседатал. Граѓаните треба да добијат одговори, затоа што се ширеше огромна хистерија по овие прашања, од страна на ДПМНЕ и Мицковски, рече Каевски.

Тој потенцираше дека секогаш кога ДПМНЕ шири лаги и дезинформации, СДСМ заеднички со вистинските пријатели на државата и со вистината, која се докажа, па ниту имаше бугаризација, ниту асимилација, а јазикот и идентитетот останаа, успева да ја подобри состојбата кон европскиот пат.

-Нашите црвени линии се јасни, тоа се македонскиот идентитет македонскиот јазик и посебноста, и со тоа нема разговор и преговарање, а и 27 земји члнки го изгласаа договот на Фронтекс. Затоа и ДПМНЕ треба да одговори, кој е нивниот мотив со Ковачев. Бевме свесни и видовме што се случуваше пред Собранието, ги палеа нашите слики, ликови, не неркуваа со секакви погрдни зборови, се со цел да го нарушат овој процес и да направат тензија мегу граѓаните. За тоа се мајстори, да креваат тензија, хистерија и лаги, а во последните 10 години смилсуваа такви сценарија за подгревање на чувствата на граѓаните, само со цел да добијат политички поени, рече Каевски.