Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски го издржа дерењето и инфантилното однесување на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и ја одржа својата прес-конференција пред Белата палата на која го презентираше незаконското богатење на ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски истакна дека бројните судски пресуди против некогашни функционери на партијата и бројните предмети кои се уште се пред судовите, покажуваат како ВМРО-ДПМНЕ го стекна својот имот и како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим.

Додека Каевски зборуваше, Стоилковски покажувајќи политичка некултура и домашно невоспитување, збороваше заедно со него и се обидуваше да го прекине.

Сепак помина времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт и имаше моќ да ја попречува слободата на говор со цел да ја скрие вистината. Не им успеа ни тогаш, а не им успева ни сега, па вистината излегува на виделина и граѓаните можат јасно да ја видат.