Интегрален текст од денешната прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски дека требало да се исели подалеку од Македонија ДПМНЕ го врати речникот од 27 април.

Во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и отворени закани кон граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски.

Ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото.

ДПМНЕ е режимска партија, која сее раздор, навреди, омалавувања и закани кон сите неистомисленици.

Партија која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато.

На реториката од 27 ми април не и е местото во кампањата и граѓаните тоа ќе го казнат на изборите.

Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ.