Аналитичарот Ненад Јовановиќ вели дека не е сигурен оти нашите граѓани се за неутрален став на земјава кон руско-украинската криза. Според него податоците од прашањето на оваа анкета е терен за „препукување“ на партиите меѓу себе.

-Да не заборавиме дека оваа војна ја користат и политичките партии за внатрешни позиционирања. За мене е многу поважно СДСМ да има јасен став кој е нивниот однос кон војната во Украина. Ако сме на страната на жртвите односно кон Украинците, тогаш мораме јасно да се одредиме дека сме на таа страна. Со тоа автоматски имаме огромна поддршка од ЕУ и САД. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат латентен и прикриен став кон Украина и ги поддржуваат, но не се конкретни. Тие всушност ја ловат оваа приказна дека општото граѓанство и тој десничарски став да сме ние неутрални.

Десницата игра помеѓу неутралноста на народот, но никогаш нема да даде јасна осуда на војната во Украина. Апсолутно е многу поманипулативен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон Украина отколку искреноста и добрите намери на СДСМ во однос на инвазијата во Украина. Тие е два вредносни компоненти во кои било кој нормален и пристоен човек кој е на страната на европските интеграции, мора да ја осуди Русија, рече аналитичарот.

Според последното истражување кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ за порталот МКД повеќето граѓани на земјава не се задоволни од надворешната политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија и не ги одобруваат санкциите кои Македонија ги спроведува кон Руската федерација. Сепак, според дел од аналитичарите, во изјава за „Локално“, ваквите податоци се зачудувачки и сметаат дека секој човек мора да ја осуди руската агресија.