„Со текот на годините се забележува дека трендот на нерегуларности проследени со насилство, се намалува, но остануваат се уште оние нерегуларности од техничка природа или поради неостварување на гласачкото право на граѓанките и граѓаните, коешто е неприкосновено право и ние секогаш велиме дека тоа право мора да се оствари и покрај тоа што понекогаш постојат проблеми, гласачите не можат да се пронајдат во избирачкиот список, или се преместени на друго гласачко место“, изјави Билјана Јордановска, од ЦИВИЛ на интервју на Слободен печат.
Таа додаде дека очекувањата на ЦИВИЛ се дека на овој ден ќе има навистина мирни и фер и демократски избори.
„Сметам дека парламентарните избори ќе бидат малку покритични во однос на таков вид на нерегуларности, независно каква изборна кампања воделе претседателските кандидати, сепак очекувам дека во вториот круг на претседателски избори тогаш ќе има поголема можност да се засилат ваквите наративи“, потенцираше Јордановска.
Што се однесува до интересот на медиумите за изборниот процес, таа додаде дека има интерес и дека другите медиуми во ЦИВИЛ гледаат како релевантен извор на информации за тоа што се случува на теренот.
„Од вчера имаме комуникација и интерес од медиумите. Ние ќе бидеме достапни за медиумите, во текот на целиот ден“ заклучи Јордановска.