НАТО не планира да го промени системот за распоредување нуклеарно оружје откако Финска и Шведска ќе се приклучат на блокот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Три месеци откако Русија ја нападна Украина, Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, напуштајќи ја децениската неутралност. Нивните пристапни протоколи веќе ги ратификуваа сите членки на НАТО, освен Унгарија и Турција.

На крајот на октомври медиумите објавија дека нацртот на финскиот закон за пристапување во Алијансата ќе овозможи распоредување на нуклеарно оружје на земјите од НАТО на територијата на Финска.

Врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел претходно изјави дека Стокхолм треба да размисли дали да дозволи распоредување нуклеарно оружје или бази на НАТО на шведска територија.