Поголем број на спортисти, музчари и актери се вклучија во националната кампања за вакцинација „Вакцинирај се“, со која ги повикуваат граѓаните да не веруваат на дезинформациите кои се шират од антиваксерите и да го заштитат своето и здравјето на другите. Само преку вакцинација може да се врати нормалното секојдневие за повторно да се споделуваат заедничките моменти на среќа.

Свесни дека вакцините се безбедни и ефикасни, спречуваат развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, јавните личности излегоа на мегдан со антиваксерите. Тие ги повикаа граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата.

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев ја поддржа капањата за вакцинација, бидејќи тој најдобро го знае чувството на фудбалски натпревар со поддршка од громогласната публика на трбините. „За полни трибини и нови спортски победи – вакцинирај се“ повика Пандев.

Со цел враќање на добрите, безгрижни забави, како и ноќниот живот, кој целсно замре за време на пандемијата и музичарите во земјава повикаа на вакцинација. Никола Перевски – Пере, заедно со Дани Димитровска и Благоја Груевски повикаа на вакцинација со цел враќање на концертите, свадбите и прославите.

„Радоста е уште поголема ако се сподели со другите, а токму тоа е она што за време на пандемијата најмногу ни недостасуваше. За да се вратат концертите, свадбите и прославите на големите животни достигнувања – вакцинирај се“, апелираа тие.

За надминување на празните столчиња во театрите и за културните манифестации, на вакцинација повикаа и актерката Сабина Мемиши, како и Ранко Петровиќ – Бубамара. Вакцинацијата е начинот на кој ќе се врати долгиот тетарски аплауз, а со истиот и поддршката за нашите актери.

„За да се дружиме, да пееме, да се смееме, да сме живи и здрави – вакцинирајте се“ повика Ранко Бубамара.

Целта на оваа кампања е да се информира населението за придобивките од вакцинацијата, да ја подигне свеста за потребата од масовна имунизација, како и да се спречи напливот на дезинформации.