Вежбање, дружење, разгалување – ова се дел од стратегиите за борба против стресот. Но, еден поинаков рецепт доаѓа од Јапонија, чија главна состојка се солзите.

Доволно е да плачеме еднаш неделно и главоболките предизвикани од стрес и напнатост ќе исчезнат и ќе бидеме многу позадоволни.

Така барем тврди поранешниот средношколец Хидефуми Јошида, кој себеси се нарекува учител на солзите.

Овој Јапонец организира редовни работилници и семинари низ земјата на изгрејсонцето за да им ги објасни на луѓето психолошките придобивки од плачењето.

Како што вели, плачењето е поефикасно од смеењето и спиењето во намалувањето на стресот. Оние кои се склони кон солзи можат да гледаат тажни филмови, да слушаат срцепарателна музика, да читаат морничави песни и романи, бидејќи тоа ќе го стимулира смирувачкиот дел од нервниот систем, кој потоа го намалува отчукувањата на срцето.

Јошида не е првиот што верува во солзи терапија. Пред речиси четири децении, д-р Вилијам Фреј од Универзитетот во Минесота тврдеше дека после плачење се создаваат ендорфини и на тој начин се јавуваат чувства на олеснување и среќа. А подоцнежните студии потврдуваат дека луѓето се чувствуваат подобро кога плачат во тешки ситуации.