„Огромна трагедија која не потресе“. Вака премиерот на Бугарија, Стефан Јанев ја опиша несреќата со автобус на автопатот Струма, во кој загинаа 46 лица. Премиерот пристигна на местото на несреќата.

„Имаме огромна трагедија. Немаме ништо добро да кажеме. Ова е трагедија која не потресе и побара државата брзо да реагира. Најпрво да се истражат причините за смртта на 46 лица и каква грижа се води за преживеаните“, рече Јанев.

Тој додава дека се надева од ова ќе се извлечат поуки и ќе се спречат вакви инциденти.

„Во тек е истрага“, додаде Јанев.