Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ истакна дека односите со првиот човек на опозицијата Христијан Мицкоски не функционираат најдобро.

– Тие што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, но коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“, истакна Јакимовски.

Тој нагласи дека ГРОМ не е партија на потрчковци, неалудирајќи на тоа дека во прашање е доведено учеството во коалицијата.