Приказната на 19-годишник од Велика Британија покажува дека навистина има причина зошто е важно редовно да се јаде овошје и зеленчук.

Имено, тој целосно ослепел по 10 години јадење само леб, преработена шунка и повремено помфрит.

Овој тинејџер го изгубил видот откако неговото тело било целосно исцрпено од неколку клучни витамини, вклучително Б12, бакар и витамин Д. Во текот на три години, почнувајќи од 14-годишна возраст, тој постепено го изгубил видот поради состојба позната како нутритивна оптичка невропатија (НОН).

Додека тој одржуваше нормална висина и тежина, недостатокот на витални витамини предизвика неповратно оштетување на нервите на задниот дел од неговите очи.

– Станав многу изолиран. Кога бев мал, излегував и играв фудбал со другарите. Сега сум премногу исплашен да го сторам тоа – рекол тој.

– Од основно училиште јадеше само помфрит, колбаси и друга преработена храна. Тоа е најсериозниот случај на слепило предизвикано од нездрава исхрана што некогаш сум го видел. Очигледно добивал доволно калории, но не и доволно хранливи материи. Кога почнаа проблемите, тој однадвор изгледаше како здраво 14-годишно момче – вели д-р Дениз Атан.

Нутриционистичката оптичка невропатија е бавна, безболна состојба која постепено доведува до губење на видот. Конзумирањето на витамин Б, кој се наоѓа во лиснатиот зеленчук, е од витално значење за одржување на добар вид.