Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ:

И во време на глобална економска криза, концептот на СДСМ, Парите кај граѓаните дава реални и видливи резултати.

Од следната недела минималната плата ќе изнесува 18.000 денари и ќе биде за двојно повисока од минималната плата од 2017 година кога во одредени сектори изнесуваше 8.800 денари.

80.000 работници од април ќе добиваат плата поголема за 3.000 денари од досегашната, а повисоки примања ќе имаат и оние работници кои досега добиваа 16 или 17.000 денари плата.

Платите растат во сите сектори. Во Министерството за внатрешни работи следува покачување на платите од пет отсто, а значително повисоки плати денес добиваат докторите, медицинските сестри, негувателките и воспитувачките во градинките, вработените во образованието и одбраната.

Растот на платите во сите сектори придонесе просечната плата за јануари оваа година да изнесува рекордни 29.980 денари, што е остварување на ветувањето за просечна плата од 30.000 денари или 500 евра.

Сето ова почитувани е показател за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Во период кога светската економија се соочува со последици и неизвесност, растот на платите, на пензиите, мерките за помош на стопанството покажуваат дека македонската економија е стабилна и конкурентна.

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, продолжува со реализација на политики кои обезбедуваат забрзан економски раст и повеќе пари во секое семејство.

линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=jJoKjiN7ksg