Утрово осамнаа билборди од независната листа на советници „Шанса за Центар“ што предизвика реакции на социјалните мрежи, пишува Локално.

Според изборниот законик, „не е дозволено да се истакнуваат плакати, билборди или рекламни паноа со логото на кампањата“.

На билбордите се следаат боите и елементите на логото од оваа советничка листа, иако сакајќи да се „изигра“ законот, името на „Шанса за Центар“ никаде не е истакнато, а и билбордите се поставени во Карпош, на „граница“ со општина Центар.

Изборниот законик предвидува казни за ваквите прекршувања доколку се утврди поврзаност на одредена кампања со листа или кандидат за градоначалник на изборите.

Останува да видиме дали институциите ќе реагираат, пишува Локално.