Австралиската рап-ѕвезда и јутјуберка Лил Бо Вип почина на 22 години по „тешка борба со внатрешните демони“, јавуваат светските медиуми.

Младата музичарка со години се борела со депресија и со зависност од психоактивни супстанци.

Веста за нејзината смрт ги скрши нејзините пријатели и семејството, а нејзиниот татко Метју Скофајлд објави што се случило.

„Овој викенд ја изгубивме. Силно се бореше со своите демони додека сите бевме покрај неа и ги собиравме скршените парчиња од нејзината душа“, изјави тој.

Лил Бо дебитира на музичката сцена во 2015 година. Нејзината песна Not OK But It’s OK има преку 12 милиони прегледи на „јутјуб“. На „Тик Ток“ ја следат 12.000 луѓе, а на „Инстаграм“ има 35.000 следбеници.