На 12.11.2022 во 11.40 часот на магистрален пат А2 во близина на с.Ново Село, гостиварско, патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(56) од Скопје, во кое сопатничка била Р.В.(79) од Дебар излетало надвор од коловозот.

По несреќата двете се пренесени во Медицински центар Гостивар каде од лекар кај сопатничката Р.В. се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.