На 19.11.2022 во 18.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат 1109 во Богданци, Ј.М., управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во запрено товарно возило „сканија“ со полуприколка, управувано од А.Г.. Во несреќата, Ј.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

*фотографијата е илустративна