На 27.06.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Китка-с.Црвена Вода, скопско, во близина на извор Црвена Вода, четирицикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(46) од Скопје излетал надвор од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(21) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.