На 22.03.2021 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија – работилница во с.Шишево, скопско, сопственост на И.Б.(60) од с.Шишево.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.