„Ние, кој помалку кој повеќе, постојано мудруваме на социјалните мрежи. Бараме подобри услови за овој наш дом. Но, нашиот глас се брои единствено на денот на изборите. Иднината зависи од сите нас“ вели Дуња Иванова, пијанистка и спортистка со меѓународно реноме во иницијативата „Ти одлучуваш. Гласај“ што ја води ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Таа во своето обраќање потенцираше дека луѓето не треба да дозволат некој да тргува со нивната слобода.
„Моќта е во тебе. Излези, гласај“, потенцираше Иванова во своето видео обраќање.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...