Македонија го изненади европскиот првак Италија во Палермо со голот на Александар Трајковски во 92. минута од натпреварот, а тоа ќе биде голем удар за „аѕурите“ и на финансиски план.

„Ил Џорнале“ објави дека Италија со елиминацијата од баражот ќе остане без неверојатни 120 милиони евра, кои требало да ги добие државата со настапот на „аѕурите“ на Мундијалот во Катар.

Италијанскиот медиум пишува дека само со освојување на светската титула од ФИФА, Франција добила 33 милиони евра, без пресметани парични средства од спонзори, реклами итн.

Само пласманот на Мундјалот носи девет милиони евра од ФИФА, а таа сума се зголемуваше со тоа колку повеќе ќе остане тимот на турнирот. Исто така, парите кои ќе ги заработеа телевизиите за реклами, но и зголемена е потрошувачката во локалите, пабовите итн.

Македонија следниот меч го игра против Португалија и ако ја совлада, тогаш ќе настапи во Катар.