Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13.1 %.

Во второто тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46.0 %; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11.4 % и Ѕ – Информации и комуникации од 5.7 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.2 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62.2 %, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64.4 %.