Европските земји, вклучително и оние кои официјално објавија дека го одбиваат рускиот гас, продолжуваат да го добиваат според постоечките договори, изјави денеска генералниот директор на рускиот енергетски гигант „Гаспром“ Алексеј Милер.

Општо земено, кога станува збор за јужна и југоисточна Европа, таму сè уште се испорачува руски гас според потпишаните договори. Затоа рускиот гас се уште е на европскиот пазар, а не во мали количини, изјави Милер за телевизијата „Русија уан“.

Тој додаде дека тоа е забележано „и во земјите кои објавуваат дека немаат руски гас на нивните пазари“.

Милер изјави дека Русија доставува гас преку украинска територија до центарот во Баумгартен во Австрија, преку кој енергијата понатаму се испраќа во земјите на ЕУ.

Извор: BiznisPRO.com