На 30.11.2022 околу 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во јавна установа на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ш.(24) и С.Н.(23), двајцата од Скопје, од една страна и 17-годишник од Скопје, од друга страна, кој употребил остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.