Жална вест пристигна денеска. Поранешниот пратеник од СДСМ, Сашко Костов почина на педесет годишна возраст.

Според информациите на медиумите Костов во критична состојба бил донесен околу 10 часот и 30 минути во кочанската болница, откако најверојатно доживеал срцев удар додека бил на судско рочиште во основниот суд во Кочани.

Костов беше пратеник на СДСМ од 2016 до 2020 година, а зад себе остави три малолетни деца.