Илон Маск (Елон Маск), сопственикот на Tesla, SpaceX и Twitter, ја врати својата позиција на најбогат човек во светот.
Ова го покажуваат податоците на Блумберг, кој проценува дека нето вредноста на директорот на Тесла сега е околу 192 милијарди долари, наспроти 187 милијарди долари на извршниот директор на LVMH, Бернард Арно.
Двајцата „центи-милијардери“, термин кој се користи за луѓе со богатство од повеќе од 100 милијарди долари, со месеци се на првото место.
Неделава богатството на Арно падна по падот на акциите на LVMH.
Арно го престигна Маск во декември, бидејќи неговото богатство порасна како резултат на бумот на луксузни стоки што помогна да се зголемат цените на акциите на LVMH. Еден од најголемите светски конгломерати, тој е дом на брендови кои вклучуваат Луј Витон, Диор и Селин.
Во меѓувреме, Маск уживаше во метеорски пораст на светските листи за богати во последниве години бидејќи неговото богатство е директно поврзано со она на Тесла, производителот на електрични автомобили. Најголем адут му се акциите на компанијата, од кои поседува околу 13 отсто.
Покрај Tesla, Маск е и извршен директор на SpaceX, компанија за истражување на вселената и сопственик на социјалната мрежа Twitter.
Акциите на LVMH годинава пораснаа за 19,7 отсто, додека на Tesla за 65,6 отсто.