Неофицијалните податоци покажуваат дека разликата помеѓу нас и Максим Димитриевски ќе бидат околу 100 гласа разлика за едниот или другиот.Но кога ќе ги собереме гласовите што ги има нашиот коалиционен партнер ЛДП, разликата е над 1.000 за нас, кажа Оливер Илиевски кандидат за градоначалник од СДСМ во Куманово во Утрински Брифинг.

Димитриевски најголем дел од гласови зема од ВМРО – ДПМНЕ. Затоа сметаме дека таа бројка и ќе остане. Затоа сме уверени дека со гласовите од ЛДП и АА/А во вториот круг сме убедливи победници, додава Илиевски.