Денеска кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски се зачлени и оствари средба со организацијата на Црвен крст Куманово.
Илиевски истакна дека за секоја почит за сите обуки, активности и крводарителските акции, дарувањето крв живот значи и дека хуманоста е основен принцип на Црвен крст и една од врвните социјалдемократски вредности.

Во време на ковид од големо значење е поддршката од општината преку предавања на невработени лица. Црвен крст е еден од факторите што го воспоставува редот при вакви состојби на криза или пандемија, затоа од големо значење е да се продлабочи соработката со општината,членството да се зголемува и да се зголемува бројот на обуки, секогаш да бидеме спремни за непогоди.“- заврши Илиевски.