Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово ги посети жителите на село Орашац при што истакна дека треба многу да се работи, дека во соработка со централната власт сега е шансата да се доасфалтираат патиштата, да се опреми училиштето и да се изгради игралиште.

“Преку програма за рурален развој на МЗШВ да изградиме пристапни патишта како и проекти кои се од витално значење за сите села и го претставуваат Најдоброто!”, подвлече Илиевски.