Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски оствари средба со жителите на Агино село при што истакна дека веќе нема да се зборува за срамни проблеми како канализација и водовод, тампонирање и асфалтирање на патишта.

“Предвидуваме уредување на училишен двор и адаптација на игралиште во мултифункционално, како и изготвување на проект за канализација со пречистителна станица”, заврши Илиевски.

Илиевски ги повика жителите на Агино село да заокружат 12 за победа на СДСМ и победа на проекти кои значат модернизација на Куманово и подобар живот за сите граѓани.