Куманово треба да се развива, Куманово треба да се модернизира нема да дозволиме повеќе да зборуваме за улици со кал и населби без вода. Ќе се фокусираме на развој на индустриските зони и нов технолошко индустриски развоен центар за младите, со цел да ги обучиме младите кадри за транзиција во дигиталната индустрија, изјави во утринската програма на Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски.

,,Стопанството во Куманово ќе го направиме конкурентно и на странските пазари, со цел да имаме што повеќе инвестиции во Куманово и да ги задржиме младите во градот,- рече Илиевски. Со реконструкција на сообраќајниците, изградба на нов модерен плоштад со подземни сообраќајници и изградба на три катни гаражи ќе се среди сообраќајниот хаос во Куманово- истакна Илиевски.

Приоритет од програмата , кажа Илиевски, ќе биде реализација на проектот ,, Мој Еколог,, , гасификација на цело Куманово , изградба на нови детски градинки.