Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово на дебата на ТВ Телма на прашње за изборен поткуп ја посочи аудио снимката која деновиве кружи во јавноста.

“Во Самата снимка на советникот на Димитриевски се слушаат понуди за 500 денари за гласови, како советник на Димитриевски сака да купува гласови за 500 денари, се користи администрацијата и се врши притисок врз вработените во јавните претпријатија, училиштата.”