Денес кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски, оствари средба со граѓаните од бул. „Октомвриска револуција“, поточно на локацијата на поранешен My market, каде одржа прес конференција на која истакна дека на станарите од станбените згради во околината им недостасуваат места за прошетка и рекреација.

„За таа цел во Програмата со Мој Еколог предвидуваме уредување на локацијата наречена „Ореов лад“ со изградба на детско катче, со различни детски реквизити, уредување на напуштените зелени површини и уредување на секој квадрат. “- рече Илиевски.
Илиевски потенцираше и дека „На Куманово не му е потребно незаконско поставување на билборди за реклама, па така, исто како столбчињата на Октомвриска, и дупките кои ги гледаме во изминатиот период предвидени токму за билборди, ќе бидат пренаменети за засадување на дрвја, како и уредување на пешачка и велосипедска патека. “
„Доколку сакаме да ја развиеме свеста кај секој од нас за чист и зелен град, за град со велоспеди, а не само автомобили, мора да обезбедеме услови и простор за тоа, со реализација на дело.“– заврши Илиевски.